недела, 19 мај 2024

Со новата директорка Иљази пропаѓа Клиниката за токсикологија, реагираат вработените

Вработените во Клиниката за токсикологија реагираат дека новата економска директорка Бесиа Иљази на работа доаѓа доцна и си оди доста порано, но и дека поради лични интереси скапата опрема не ја осигура, а лабораторијата не работи нормално. А, МКД.мк пред еден месец објави дека директорката не само што не доаѓа на работа туку и не знае македонски јазик па своите секретарки ги ангажира и како преведувачки.

Објавено на

часот

Сподели

Со допис до медиумите реагираат вработените во оваа јавна здравствна установ и велат дека проблемите заполнаа со назначувањето на Иљази за в.д. организациска директорка.

„Со назначување на Иљази на ден пред формирање техничка влада на нашата клиника(иако не ги исполнува условите пропишани со закон за директори) се случува деорганизација, а не организација. Поточно од нејзиното назначување за помалку од два месеци долгот на клиниката го зголеми за приближно два милиони денари, со дневно работно време од 4 часа и 30 минути. Поточно, таа на работа доаѓа во 10 часот а работното време ѝ завршува во 14.30 чаот.

Исто така клиниката нема спроведено постапка за осигурување на имот, осигурување на скапата медицинска опрема и осигурување од лекарска грешка, бидејќи в.д директорката не сака да потпише затоа што не е прифатен нејзиниот брокер за осигурување и моментално клиниката два месеци не е осигурана иако за тоа сме со закон обврзани.

Поради одбивање да потпише согласност  за договор на дело  за двајца дипломирани биолози,токсиколошката лабараторија веќе два месеци не врши валидација на издадените резултати“, се вели во реакцијата на вработените.

Како што веќе објави МКД.мк минатиот месец, новоназначената економската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Илјази не знае македонски јазик, па кога мора да соработува со колегите, преведувачи ѝ се двете секретарки врботени во оваа клиника. Дополнително, , како што велат вработените, таа не ретко не доаѓа на работа, а често пати доаѓа со својот татко кој се чини како да ѝ е обезбедување.

Иљази беше поставена за економска директорка во време кога се случуваа промени во Владата поради расколот во Алијанса за Албанците, па е поставена од новиот министер Илир Демири, само ден откако тој ја презеде фунјцијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ