сабота, 27 јули 2024

Со натпревар на 70 кучиња Лајка денеска го слави третиот роденден

Во Градскиот парк во Скопје денеска ќе се одржи изложба за нерасни кучиња по повод светскиот ден на животните и 3-тиот роденден на Јавното претпријатие (ЈП) Лајка.  

Објавено на

часот

Сподели

На изложбата се пријавени 70-тина вдомени кучиња од сите големини, форми и карактери. Мотото на настанот е „Вдоми не купувај“, а целта е споделување на успешни приказни со вдомени кучиња.

„Преку овој настан сакаме да покажеме дека секое куче е убаво без оглед на неговата раса, да поттикнеме одговорно сопствеништво, да покажеме дека сите кучиња се убави и дека богатството кое го носи секое куче во себе може да биде голем плус во секое семејство и во секој дом“, соопштија од ЈП Лајка.

Кучињата ќе се натпреваруваат во десет категории и за секоја категорија ќе има прво, второ и трето место за кои ќе поделиме вредни награди од спонзорите на овој настан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ