понеделник, 9 декември 2024

Со НАТО сме посилни и побезбедни, порача Евро – атланскиот совет

Придобивките за Македонија се јасни. Земјата се приклучи на најуспешниот сојуз во историјата и доби место и рамноправен глас. Членството во НАТО значи да имате уште триесет и една земја посветени да ве заштитат и бранат од кој било агресор. Безбедноста е исто така основа на просперитетот, се вели во пораката на македонскиот Евро-атлански совет по повод 75 годишнината од формирањето на НАТО.

Објавено на

часот

Сподели

„Во 1949 година, со потпишувањето на Вашингтонскиот договор, НАТО беше формиран како ‘штит против агресија и страв од агресија’. Веќе 75 години, сојузниците на НАТО работат заедно за да го зачуваат својот народ безбеден.

Во текот на 75-те години од своето постоење, Алијансата успеа да издржи предизвици, да ја прошири својата улога и мисија, па и значително да порасне во големина. Силната врска меѓу Европа и Северна Америка и умешноста да се трансформира го направи НАТО најуспешниот политичко-воен сојуз во светот. Од 12 основачки земји членки, денес на 32 сојузници, НАТО обезбедува мир и безбедност за над една милијарда луѓе од двете страни на Атлантикот.

НАТО е одбранбена алијанса, врзана со нашата заедничка историја, вредности и цели. Нашата земја како членка, заедно со уште триесет и еден сојузник од целиот свет се обединети во одбрана на слободата и демократијата и правилата засновани на меѓународниот поредок.

НАТО е Алијанса на вредности. Тоа е постојана коалиција на демократии, со сите политички, воени и дипломатски предности што тоа ги носи. Членството во НАТО го обезбедува и суверенитетот на една земја. Сите сојузници на НАТО добиваат еднакво место на масата и стануваат дел од процесот на донесување одлуки за обликување на политиките на НАТО. Членството во НАТО обезбедува најефикасна одбрана на достапен начин, а само членките на НАТО ги уживаат придобивките од колективната одбрана. Стабилноста што ја носи членството во НАТО го поткрепува просперитетот за нацијата што пристапува и за регионот пошироко.

Придобивките за Македонија се јасни. Земјата се приклучи на најуспешниот сојуз во историјата и доби место и рамноправен глас. Членството во НАТО значи да имате уште триесет и една земја посветени да ве заштитат и бранат од кој било агресор. Безбедноста е исто така основа на просперитетот.

Како Евро-Атлантски Совет, заедно со нашите партнери од целиот свет, ќе продолжиме да ги промовираме евро-атлантските вредности во нашето општество, со цел унапредување на демократијата, слободата, човековите права, развојот и безбедноста на нашите граѓани.

Стоејќи заедно, ние сме посилни и побезбедни. Ние сме НАТО“, се вели во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ