сабота, 27 јули 2024

Со најмногу 50 потписи до независна кандидатура, бараат од „Подобро за Тетово“

Иницијативата „Подобро за Тетово“ бара законски имзени со кои со најмногу 50 потписи од граѓани ќе може на избори да учествуваат независните кандидат, да се дозволи собирање на потписи на терен и надвор од просториите на ДИК, продолжување на периодот на собирање на потписи на 30 дена, дозвола за името на независната листа на изборниот лист и дозвола за пристап на независните на изборниот список.

Објавено на

часот

Сподели

Иницијативата „Подобро за Тетово“ преку прес-конференција го изрази револтот за постапките на партиите во Собранието кои за законски измени, со кои, сметаат, се спречува учество граѓанските листи на следните парламентарни и локални избори. Алармираат дека сега се зголемува прагот за собирање на потписи за независните граѓански листи и го отежнуваат нивното учество на изборите.

„Тие законски измени го зголемуваат прагот за собирање на потписи за независните граѓански листи и го отежнуваат нивното учество на изборите. Политичките партии се повикуваат на препораките на ОБСЕ/ОДИР за демократизација и рамноправност на изборите, додека со овие промени се случува сосема обратното: граѓанските иницијативи се дискриминирани во корист на политичките партии. Овие законски промени беа предложени од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ (Арбер Адеми) и Алијанса за Албанците (Аднан Незири). Иницијалниот предлог беше скриено прифатен и од опозициските партии. Овој заеднички чин на политичките партии го изнесува на површина двојниот стандард на политичките партии што се претставуваат како „засегнати непријатели“пред јавноста, но секогаш наоѓаа начин да соработуваат кога е загрозена нивната територија, истакна Агрон Арифи од „Подобро за Тетово“.

Од иницијативата упатија неколку прашања до неколкумина пратеници дали ги прочитале промените во законот и дали можат да објаснат зошто ги поддржале овие дискриминативни промени против граѓанските иницијативи?

„За т.н. европскиот фронт воден од ДУИ е разбирлив таков став кон граѓанските иницијативи, бидејќи, за разлика од квази-опозицијата, само граѓанските активисти беа оние што одлучно се противставуваа на штетните политики на ДУИ. Најголемото лицемерство е што овие законски промени беа поддржани и од двајца пратеници од коалицијата „Вреди“ пратеникот Кастриот Реџепи и пратеничката Сафије Садики Шаини. Ги прашуваме лидерите на политичките партии на пратениците од опозицијата кои гласаа за, Изет Меџити од Демократско Движење и Африм Гаши од Алтернатива, дали имаше претходна координација со партиите во власт за овој дискриминациски став кон граѓанските иницијативи? Ги прашуваме коалицијата Вреди каков е нивниот став кон граѓанските иницијативи. Дали ги гледаат тие како непријатели, исто како ДУИ“, истакна Агрон Арифи.

Од иницијативата образложуваат дека новите законски измени налагаат на граѓанските иницијативи во големите градови како Тетово да соберат 850 потписи, што е скоро еднакво со бројот на потписи потребни за формирање на политички субјект, за кој се потребни 1.000 потписи. За нив овој услов е неприфатлив, отворено дискриминациски и антиевропска постапка.

„Затоа бараме законски измени, како што следува: најмногу 50 потписи за независни кандидат, дозвола за собирање на потписи на терен и надвор од просториите на ДИК продолжување на периодот на собирање на потписи на 30 дена, дозвола за името на независната листа на изборниот лист, дозвола за пристап на независните на изборниот список“, посочи Арифи.

Тој изнесе заклучок дека новите законски промени ја намалуваат просторната дејност на независните граѓански иницијативи и ги принудуваат тие да се организираат во форма на политички партии.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ