Вечерта на 12 јануари ќе настапат диџеј Ампов, Јанг Деди, Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд, како и групата Нокаут. Вечерта на 13 јануари е резервирана за народна музика, а на сцената ќе настапат Акустик бенд, Наум Петрески и Оркестарот на тапани и зурли од Вевчани и на крајот Перо Волк и Коки Биоритам. Карневалот завршува на 14 јануари со василичарско оро и палење на маските во центарот на Вевчани.
Прес-конференција одржаа министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, градоначалникот на Вевчани, Спасе Кочовски и промоторот на манифестацијата, Игор Џамбазов.
Костадиновска-Стојчевска рече дека Министерството за култура го препознава значењето на Карневалот како нематеријално културно богатство и потсети дека пред неколку денови со градоначалникот на Општина Вевчани, Кочовски, е склучен договор за финансирање на Вевчанскиот карневал во вредност од 1,8 милиони денери.
„Седумдесет отсто од сумата Министерството за култура веќе ја префрли на сметката на Општината пред почетокот на Карневалот, со цел негова ефикасна реализација. Ја препознаваме вредноста на Карневалот, неговата автентичност како чувар на македонската традиција, култура и историја и како еден од најголемите наши амбасадори во светот“, рече министерката за култура.
Градоначалникот Кочовски, и промоторот Џамбазаов говореа за значењето на манифестацијата како за Општината, така и за државата бидејќи Карневалот е познат и надвор од Македонија, а секоја година странци доаѓаат за да се восхитуваат на овој многу специфичен карневал, како според маските и обичаите, така и според хуморот и сатирата.
Министерката рече дека едвај чека да ги види најновите сатирични коментари на вевчанци кои, како што нагласи, се здрав коректив на општеството“.