Како што дознаваме од извори блиски на семејството Незири, куќата му била опожарена со молотов коктел, кој напаѓачите го фрлиле од задниот дел на објектот.
Настанот се случил вечерта помеѓу 20.30 и 22 часот, во време кога Сафет Незири и неговата сопруга не биле во домот. Двајцата сопружници го забележале пожарот околу 22 часот, кога се вратиле дома.
Ова не е прв пат да биде запалена куќата на Незири. Во август минатата година таа беше запалена на ист начин, со молотов коктел фрлен исто така врз задниот дел на куќата.
Во МВР ја потврдија информацијата и изјавија дека работат на расветлување на инцидентот.