среда, 1 јануари 2025

Со МојДДВ вратени осум милиони евра кај граѓаните, велат од СДСМ

Објавено на

часот

Сподели

„Оваа успешна мерка веќе три години ги остварува своите цели и тоа унапредување на даночната дисциплина, сузбивање на сивата економија и враќање пари кај граѓаните, што е особено добредојдено во ова време на светска економска криза.

Во време на светска економска криза СДСМ презема низа мерки кои обезбедуваат повисоки плати и пензии и помали трошоци за граѓаните.

Минималната плата е зголемена на 18.000 денари, а од септември следува рекордно зголемување на пензиите согласно новата методологија.

Со 26 антикризни мерки вредни 400 милиони евра се намалуваат месечните трошоци на семејствата.

Ребалансот на буџетот ќе обезбеди дополнителни средства за ублажување на последиците од кризата за компаниите и за граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ