сабота, 27 јули 2024

Со модерна опрема од 520.000 евра пратениците од утре се враќаат во пленарната сала

Објавено на

часот

Сподели

Таа јавна набавка е направена минатата година. Извршени се сите тестирања, сите работи функционираат како што треба и од утре се враќаме во новата сала, рече Џафери, додавајќи дека на пратениците им била овозможена обука за користење на опремата. 

Претседателот на Собранието смета дека со новата опрема ќе се придонесе за заштеда на хартија, имајќи предвид дека системот овозможува сите материјали што се прикачуваат на Е-Парламент да можат да директно се пребараат во системот.

Монтажата на новата опрема е спроведена во декември 2021 година, а наменската доработка и адаптација на салата во периодот од јануари до април 2022 година. Производител на опремата е германската компанија „Брелер ИЦС Конефернцтехник”, а вредноста на инвестицијата е 520.000 евра. Ваква опрема се користи во Светскиот конференциски центар во Бон, во Албанија, Швајцарија, Холандија…

Меѓу предностите на новата опрема се и целосно компјутеризираниот и дигитален принцип на функционирање, модернизација на работата и работење без хартија, прикажување на агендата на седница, кој е тековен говорник, кој е пријавен за збор, реплика, контрареплика, или процедурални забелешки, гласања по точките од дневниот ред, како и прилагодување на менито на јазикот на пратеникот. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ