Уни банка за своите корисници ќе додели 5 патувања за двајца на Куба, како и 5 златни плочки.
Што треба да направите? Едноставно, во период од 1 април до 30 јуни, доколку имате кредитни или дебитни Мастеркард (Mastercard) картички од Уни банка, или ако извадите нова Mастеркард картичка, и направите 10 трансакции месечно, во секој од трите месеци додека трае наградната игрa, станувате потенцијален добитник на патување за двајца во Куба, како и можност да добиете златна плочка.
Веројатноста овие Карипски острови да бидат достижни за вас, се зголемува со секои нови 10 трансакции следниот месец независно дали тоа ќе го направите на продажните места или во електронската трговија (плаќања на интернет) во земјата.
Во Куба и нејзиниот главен град Хавана ќе се чувствувате како со временска машина да сте се вратиле низ времето. Рајската плажа Варадеро сместена на тиркизното Карипско море, која веќе две години по ред од Tripadvisor е прогласена за најубавата плажа на светот, „живописните“ улици на Хавана каде голем дел од својот живот го поминал и Хемингвеј, најубавите коктели, најдобрите пури, се само еден мал сегмент што овој магичен остров има да понуди.
Уни банка со патувањето во Куба ни овозможува искуство кое ќе го паметиме цел живот! Можност за учество во наградната игра има секое физичко лице со или над 18 години и е корисник на Maстеркард картичките од Уни банка.
И 5-те златни плочки не се ништо помалку примамливи. Станува збор за плочки кои се меѓу најбараните на светско ниво, кои имаат извонредна историска и културната вредност, чија вредност постојано расте, а Уни банка е единственaта банка која во своето продажно портфолио има продукт инвестициско злато.
Извлекувањето на наградите ќе се изврши на 17 јули во 15.00 часот, по принципот на случаен избор со помош на компјутерска програма.
Вакви награди не се пропуштаат! Одиме по Maстеркард картичка од Уни банка, и одиме во Куба!
Сите дополнителни информации можете да ги прочитате на www.unibank.mk.
Комерцијален текст