четврток, 31 октомври 2024

Со личните карти со старото име ќе може да се патува и во БиХ

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев утрово остварил телефонски разговор со министерот за безбедност на Босна и Херцеговина (БиХ) Ненад Нешиќ, во врска со одобрувањето на БиХ за патување на македонските граѓани со лична карта, соопштија од МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Бојмацалиев и Нешиќ разговарале во насока на тоа во Босна и Херцеговина да може македонските граѓани да патуваат со лични карти со старото име, почитувајќи ја Спогодбата помеѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина за условите за патување на државјаните на двете земји, потпишана во 2018 година.

„Во оваа прилика Бојмацалиев го истакна значењето на градење мостови со пријателските земји, и рече дека оваа можност е во рамките на засилената соработката и унапредените односи помеѓу Република Северна Македонија и Босна и Херцеговина во изминатиов период, како и тоа дека истата пракса е веќе воспоставена и со Република Србија, Албанија и Косово каде што се дозволува влез со лична карта со старото име на државата. Воедно, Бојмацалиев потенцираше дека МВР е подготвено да стори сѐ што е потребно за да им се овозможи на граѓаните да ги остварат сите свои со Устав и со закон загарантирани права“, се подвлекува во соопштението од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ