сабота, 27 јули 2024
По 12 февруари годинава

Со лична карта без „Северна“ нема патување во Албанија, Косово, Србија, Црна Гора и БиХ

Со непроменета лична карта на која пишува „Република Македонија“, а не „Република Северна Македонија“ по 12 февруари годинава нема да може да се патува во Албанија, Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, потврдуваат од МВР. Надвор од границите нема да може да излезат ниту граѓаните што не направиле промена на своите пасоши за на нив да стои „Република Северна Македонија“.

Објавено на

часот

Сподели

Казни нема да има ако не сте ги промениле документите, но нема да може да се излегува надвор од земјава.

По 12 февруари годинава не важат пасошите на кои стои „Република Македонија“, а не „Република Северна Македонија“, иако се со неизминат рок, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи.

На територијата на државава ќе важат возачките дозволи на кои нема „Северна“, а кои се со важечки датум. Граѓаните со лична карта на која не пишува „Северна“, а има валиден датум, ќе можат да ги завршат сите административни и шалтерски обврски во државава, што значи дека и пензионерите ќе може да извадат пензија во банките.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ