недела, 16 март 2025
Кривична пријава против прилепчанец

Со лажни слики од деца намамувал други деца да му праќаат голи слики

СВР Битола и Секторот за компјутерски криминал при МВР поднесе кривична пријава против В.Т. (29) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти МВР, полициски службеници, со судска наредба, извршиле претрес во домот на пријавениот, при што во неговиот компјутер биле пронајдени и одземени видео записи од експлицитни видеа и слики со порнографски материјал од деца.

„Од 2021 до 2025 година, пријавениот од социјални мрежи преземал слики од женски деца, креирал лажни женски профили и преку тие профили запознавал и започнувал комуникација со други деца, кои ги наведувал да си разменуваат слики и видеа со експлицитна содржина“, стои во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ