вторник, 18 јуни 2024

Со концерт во МНТ Танец ќе одбележи 100 години од раѓањето на Ѓорѓи Димчевски

Во чест на 100-годишнината од раѓањето на легендата на македонската народна музика, Ѓорѓи Димчевски, Ансамблот „Танец“ вечерва со почеток од 20 часот во Македонскиот народен театар ќе одржи концерт. Овој музичко-сценски спектакл насловен „Седенка се збира“ е во рамките на јубилејната година, кога ансамблот ја чествува 75-годишнината од основањето.

Објавено на

часот

Сподели

Горѓи Димчевски (1924 – 2006) е една од легендите на македонската народна музика. Во „Танец“ цели 25 години бил раководител на оркестарот, солист на виолина и тамбура, аранжер на песни и инструментални мелодии, но и автор на музички обработки на цели кореографии.

Неговото име стои зад антологиските постановки Мариовска тресеница, Осоговка, Жетварка, Водарки, Тропнало оро, Цвеќеберачки, Солунка, Русалии и други.

За време на својот богат творечки век, запишал и мелографирал неколку стотици македонски народни мелодии и објавил неколку книги со народни песни и ора, „Вие се оро македонско“, „Седенка се збира“, „Македонски ора“, „Ајде да пееме заедно“.

Како што информираат од Танец, програмскиот фокус на концертот е ставен на кореографското творештво, но и на неколку вокални, инструментални и вокално-инструментални сплетови, составени од прекрасни народни мелодии, кои што биле предмет на неговите музички обработки.

На концертниот дел од програмата ќе ѝ претходи документарен видео осврт кон неговиот животен и творечки пат

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ