сабота, 27 јули 2024

Со кабинетот на претседателката на Македонија ќе раководат правникот Божинов и новинарот Момировски

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова за генерален секретар на својот кабинет го именувала Ѓорѓи Божинов, пратник кој работел во Министерството за земјоделство, а за негов заменик новинарот Горан Момировски.

Објавено на

часот

Сподели

Од функциите се разрешени генералниот секретар Миле Бошњаковски и неговите заменици Билјана Радева и Тоше Зафиров, кои беа ангажирани во мандатот на доскорешниот претседател Стево Пендаровски.

Од кабинетот на претедателката информацијата за именувањата на Божинов и Момировски е дадена на прашање на порталот Скопје1.мк.

„Генералниот секретар Ѓорги Божинов е дипломиран правник со речиси тридецениско работно искуство во областа на правото во земјоделскиот сектор, законодавната и институционалната рамка, процесите на јавни набавки, корпоративно советување, програмите за финансиска поддршка, државна помош, како и примена и хармонизација на легислативата на Европската Унија во овие области. Претходно, Божинов својата кариера во областа на правото ја остварува на раководни административни позиции во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство“, соопштиле од кабинетот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ