сабота, 27 јули 2024

Со „Искуство, чесност, посветеност“, Османи ќе се обиде да стане претседател на Македонија

Доаѓам директно од седиштетот на НАТО и ја почнувам кампањата на посебен ден. 4 ден, 4 месец 2024 година на денот на основањето на НАТО и на 4 годишнината од влезот на Македонија во Алијансата. Го почнувам овој победнички караван под број 4 како симболика дека сме на правиот пат, рече денеска претседателскиот кандидат на ДУИ, Бујар Османи на на денешната прес-конференција.

Објавено на

часот

Сподели

Тој од пред претседателската вила во скопската населбата Водно порача дека кампањата ќе ја води под слоганот „Искуство, чесност, посветеност“.

„Денеска започнувам една многу важна мисија не само за мене, туку за сите граѓани кои оваа земја ја чувствуваат како свој дом. Доаѓам директно на оваа прес-конференција од Брисел, од седиштето на НАТО. И тоа во еден посебен ден, четврти ден, четврти месец 2024 година на Денот на основањето на НАТО и на четиригодишнината од членството на Република Северна Македонија во НАТО. И јас го почнувам овој победнички карван со бројот 4 како симболика дека сме на правиот пат. Ја почнувам оваа мисија од седиштето на НАТО со надеж дека ќе ја завршам како претседател во седиштето на ЕУ, седнат на маса на Европскиот совет како полноправен член“, подвлече Османи.

Нагласи дека имајќи ја можноста што, вели, му била дадена од граѓаните да биде дел од најважните интегративни процеси во земјава, смета дека го има потребното искуство, контактите и кредибилитетот во центрите на одлучување, како посветеноста да го заокружи сонот на секое семејство и граѓани за европска иднина.

„Позади мене стои најголемиот мултиетнички европски фронт, коалиција од девет партии, нова платформа која што е произлезена од Рамковниот договор, чија што цел е на овој крстопат да го задржи евроатлантскиот курс, да ја задржи меѓуетничката хармонија во државата, да ги зачува меѓусоседските односи и се разбира, да го заврши евроинтегративниот пат за Северна Македонија да стане членка на Европската унија до 2030 година. Придружете ни се. Мојата покана е до сите граѓани. Денеска го почнуваме овој победнички карван патувајќи на четирите страни од државата слушајќи ги барањата, очекувањата на граѓаните, а се разбира и претставувајќи ги моите планови како во наредните пет години оваа земја ќе стане членка на ЕУ, а граѓаните ќе имаат светла европска и безбедна иднина“, потенцира Османи.

На прес-конференција присуствуваа претставници од подмладоците на партиите од коалицијата Европски фронт, предводена од ДУИ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ