сабота, 27 јули 2024

Со исфрлени 15 тони вода локализиран е пожарот кај Жировницa

Со помош на полициски хеликоптер од хеликоптерската единица за посебни намени кој исфрлил 15 тони вода локализиран е пожарот во атарот на село Жировница.

Објавено на

часот

Сподели

„Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожар во атарот на село Жировница, Општина Маврово-Ростуше, го упати хеликоптерот М171 од Хеликоптерската единица за посебни намени, при што со прецизно дејствување беа исфрлени 15 тони вода. Со тоа пламените јазици беа изгаснати и пожарот беше локализиран“, информираат денеска од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ