сабота, 19 октомври 2024

Со години се зборува за фиктивното враќање на ДДВ-то, ама…

Објавено на

часот

Сподели

На 1 август 2022 година од обвинителство добивме само потврда на нашите информации за измама со ДДВ. Тогаш обвинителството само нѐ информираше дека се води предистрага за можна измама со фиктивна наплата на ДДВ „вредна“ над 90 милиони евра.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција тогаш потврди за МКД.мк дека се води предистражна постапка за наводна измама со фиктивна наплата на ДДВ направена од фирми со помош на вработени во УЈП.

По вчерашниот случај дознавме дека истрагата се води против 15 лица кои се сомничат за даночно затајување, злосторничко здружување и перење пари.

Лани во август од ОЈО ГОК за МКД.мк одговорија сека постапката е тајна и дека не можеле да споделат детали со јавноста. Безмалку една година потоа, во поинакви политички констелации, обвинителството се охрабри да ги сподели со јавноста деталите за оваа измама.

МКД.мк тогаш напиша дека на разговор во полицијата веќе биле неколкумина вработени во УЈП. Полициските истражители се интересирале за неколку фирми што меѓусебно фактурирале големи суми пари, фактури што никогаш не биле платени, но затоа пак државата редовно го плаќала ДДВ-то. За ова да биде лесно спроведливо, задолжително треба да се има најмалку барем еден човек во УЈП, кој само треба понекогаш да замижи, да не испрати контрола кај тој што ги издава фактурите. Побарувањата застаруваат по три години, а рокот за проверка на барањето за поврат на ДДВ е 30 дена. Како и во наплатата на сметките за струја, и во финансиската контрола за инспекторите има ‘неподобни’ региони. Таму најчесто е и регистрацијата на фирмите што брзо се регистрираат и уште побрзо згаснуваат, најчесто со големи побарувања. Најголемиот број на фирми од овој ланец биле регистрирани во Струмица, Кавадарци, Неготино, Мала Речица, Сарај…

Се работи за фирми од градежната дејност, фирми од нафтениот бизнис и фактури за услуги. Вообичаено фирмите кои имале големи побарувања од ‘партнерската’ фирма, за неколку месеци згаснувала. Вредноста на целиот овој ‘бизнис’ се проценува на повеќе од 90 милиони евра.

Откако е воведен ДДВ во Македонија (април 2000 година) оваа шема и досега неколку пати беше откриена, но предизвикот за лесна заработувачка кога сите ‘коцки’ ги имате наместено станува лесно примамлив.

Експертите со години предупредуваат на оваа лесно спроводлива шема без промена на Законот за ДДВ со обврската да се плаќа ДДВ-то само на платените фактури, а не како што е сега ДДВ-то да се плаќа и на ненаплатена фактура. Засега нема таква иницијатива за промена на законската одредба за плаќањето на ДДВ-то“, напишавме на 1 август 2022 година.

Сакаме да веруваме дека до сега се чекало на резултатите од предистрагата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и дека вчерашната акција не е предмет на политичка пресметка меѓу „огнените“ (Исмет Гури во меѓувреме преминал во редовите на т.н. „огнена група во ДУИ) и функционерите од владеачката коалиција СДСМ-ДУИ.

Од УЈП уште во јули 2021 година информираа дека отворена била истрага за слични вакви малверзации. И тогаш, и лани во август, „во интерес на предистражната постапка“ немаше детали за резултатите на тие предистраги.

                                                                                                                                                               А.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ