сабота, 27 јули 2024

Со гаранции од министерот Бектеши и градоначалникот Арифи ЕВН ќе влезе во Слупчане да го санира дефектот

Објавено на

часот

Сподели

Претходно, како што информираше ЕВН, во вчерашните доцни часови, лица од Слупчане насилно и противзаконски отвориле голем енергетски објект во припадност на електродистрибуција во обид сами да го вратат напојувањето со електрична енергија во селото, при што ги оставија жителите на соседните села, Оризаре, Ваксинце и Лојане без електрична енергија.

Електрична енергија треба да се плаќа секаде и плаќа секој, тоа мора да го спроведеме и во Арачиново и во Липково, рече министерот за економија Крешник Бектеши кој потсети дека врз основа на Законот за енергетика и надлежното министерство е вклучено во запирање на кражбите на струја.

Градоначалникот на Липково, Еркан Арифи изјави дека проблемот со струјата во Слупчане е помеѓу жителите на селото и КЕЦ Куманово и од него бараат во најкус можен рок истиот да биде решен.

„Имавме состанок со КЕЦ Куманово, министерот за економија Бектеши и со советници од општината и граѓаните од месната заедница. Се договоривме струјата да биде пуштена, а екипите на ЕВН да работат“, изјави Арифи.

Жителите на Слупчане со палење на гуми на патот вчера го блокираа влезот на екипите на ЕВН. Од компанијата неколку месеци се обидуваат да стават ред со неможноста да наплатат струја во оваа општина, јави  ТВ 21. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ