петок, 18 октомври 2024

Со функционерски собир се означи почеток на изградба на систем за наводнување

Објавено на

часот

Сподели

„Системот за наводнување Колибари-Црвивци се наоѓа во југозападниот плански регион во општина Кичево и опфаќа површина од 160 хекатари обработливо земјоделско земјиште од селата Колибари и Црвивци. Вредноста на оваа инвестиција изнесува 110 милиони денари, средства од буџетот на Министерството.

Оваа инвестиција обезебедува квалитетна вода и редовно наводнување на земјоделските површини, поттикнувајќи производство на продуктивни култури и одржливо сточарстко производство.

Наводнувањето на системот доаѓа од водите на Зајашка Река, која има просечен годишен протек проценет на 1,51 l/s, додека во летниот период расположливата вода достигнува до 400 l/s, а ќе се користи и за системот за наводнување Зајас 2.

к

Новиот систем за наводнување ќе биде под притисок за да се овозможи интензивно квалитетно наводнување на земјоделските култури во Проектното подрачје. Локацијата на конструкциите за пренасочување беше направена според потребните хидродинамички притисоци потребни во мрежата за да се овозможи наводнување под притисок. Системот за наводнување нема да користи пумпи, односно ќе биде базиран на гравитација.

При целиот процес на планирање преку повеќе состаноци покрај релевантните чинители и општинската служба, директно беа вклучени и жителите. На овој начин заеднички подготивме добар проект и ви благодарам на сите вас за ангажманот.“, изјавил министерот Николовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ