петок, 10 јануари 2025

Со францускиот амбасадор со црни чевли, со албанска министерка со патики на нозете

Објавено на

часот

Сподели

Ден порано, Груби, во истиот тој свој кабинет, имаше средба со министерката за инфраструктура и енергетика на Албанија, Белинда Балуку. На таа средба на нозете Груби имаше патики од попознат бренд, како што ќе забележи ВМРО-ДПМНЕ.

а

Тема на разговор со францускиот амбасадор биле „борбата против корупцијата и организираниот криминал, процесот на уставни измени, скринингот, реформите што се прават за европската интеграција, како и за француските инвестиции во обновливите извори на енергија со целосна владина поддршка“, ќе речат од кабинетот на вицепремиерот и министер.

„Амбасадорот ја потврди поддршката на Република Франција за нашата земја, додавајќи дека преговарачката рамка се одразила и во новата методологија на ЕУ заедно и со мобилизацијата на сите домашни институционални капацитети“, ќе додадат од кабинетот за средбата одржана со црни чевли на нозете.

а

Што се однесува до разговорите со албанската министерка кои се одржаа со патики на нозете од Груби и лесна варијанта на кремасти чевлички на нозете од Балуку, од кабинетот напишаа:

„Разговаравме за предизвиците и одлучноста на нашите земји на патот на европската интеграција, за заедничките проекти со посебен акцент на важноста и планот за изградба на коридорот 8, за железничката врска Скопје – Драч, новиот граничен премин и Сувото пристаниште во Струга.

Разговаравме и за ситуацијата во регионот и потребата од компактно дејствување надминување на споровите и одржување на стабилноста и мирот.“

х

ВМРО-ДПМНЕ утрово соопшти дека патиките на Груби се од познат бренд и дека чинат колку една плата, некаде 450 евра. Груби неколку часа подоцна демантираше и покажа доказ дека патиките се купени на намалување за 138 евра и дека пред намалувањето биле двојно поевтини од тоа што тврдеше партијата на Мицкоски.

Останува да се види дали ќе има што да се додаде за црните чевли со кусо ремче и мала алка.

                                                                                                                                   П.Џ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ