недела, 20 октомври 2024

Со филм за Македонци што бараат жени во Русија владиката Петар ја почна својата телевизија (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

На одјавната шпица од филмот во делот на соработници стои Преспанско-пелагониската епархија, додека во делот на „посебна благодарност“ е пишано: „до неговото Високопреосвештенство митрополит австралиски и новозеладски г. Петар“.

„Ќе идеме до Рио де Жанеиро, таму било уште поинтересно. И последна ни е Албанија, нема кај да бегаме, таму ни е сигурна работата. Мислам по 500 евра и со здравје да си го носиме“, вели маж од Македонија во филмот, емитуван на „Вистел“.

„Ако не ќе најдеме од Македонија“, вели еден од протагонистите во филмот, а друг враќа: „Јас дојдов тука во Русија да најдам девојка, не од Македонија“, па заедно ја пеат „Македонско девојче“.

Откако имале средба, мажите си раскажуваат за средбите со девојките што ги имале.

„И овие што беа не беа лоши. Јас им кажав сакам да створам фамилија. Пак има надеж“, вели возрасен маж.

Се појавува и владиката Петар, во сцена снимена во црква.

„Секогаш треба да се бара духовната криза. Се тежнее кон една глобализација, која го притиска целиот свет, имаме масовна миграција село-град. Проблемот е во битолскиот крај, одамна. Големата миграција од земјата кон дијаспората – односно печалбарството. Тоа придонесе да дојде до ова до кое дојде. Нашиот македонскиот народ може да го спаси исклучиво жената“, вели владиката Петар во филмот.

Потоа сцените се од Македонија.

„Не ми се свиѓаат Македонките. На некој начин не се ни домаќинки, воопшто не ми се свиѓаат за живот со нив“, раскажува маж што себеси се претстави како лик што живеел во Англија, па се вратил во Македонија.

Во филмот зборуваат и жени од Русија. Раскажуваат како им е на работа, дека шефицата им кажала дека ќе дојдат бизнисмени од Македонија и дека ќе прават средби.

Според одјавната шпица, филмот е поддржан од Филмски фонд на Македонија, вели Макфакс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ