сабота, 19 октомври 2024
Проценка на Светска банка

Со економскии раст од 2,4 отсто, Македонија годинава е зад Косово, Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина

Објавено на

часот

Сподели

Светска банка предвидува дека целиот регион на Западен Балкан годинава ќе ја заврши со економски раст од 2,6 отсто. Клучни фактори кои влијаат на економските перспективи се влијанијата од војната во Украина, пониската лична потрошувачка, заострените глобални финасиски услови и послабата побарувачка во еврозоната.

Од земјите во регионот, годинава најголем економски раст ќе забележат Косово 3,7 отсто и Црна Гора 3,4 отсто. Албанија ќе има раст од 2,8 отсто, Босна и Херцеговина, 2,5 отсто, Србија 2,3 отсто, Хрватска 1,9 отсто, а Бугарија 1,5 отсто.  

Во однос на глобалните перспективи, Светска банка очекува годинава економскиот раст да забави и да изнесува 2,1 отсто во однос на минатогодишините 3,1 отсто.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ