сабота, 27 јули 2024

Со денови осветлувањето на булеварот „Кочо Рацин“ во центарот на Скопје не работи, одговорните не реагираат

Уличното осветлување на булеварот „Кочо Рацин“ во центарот на Скопје веќе неколку дена не работи. Булеварот е во мрак, пешачките премини се неосветлени, сообраќајот на овој дел од градот навечер е небезбеден. Засега реагираа само советниците на Шанса за Центар во Општина Центар.

Објавено на

часот

Сподели

Од граѓанската иницијатива Шанса за Центар ја повикаа градоначалничката на Скопје Данела Арсовска да реагира, осветлувањето итно да биде оспособено за да се намали ризикот за пешаците. Но, засега нема никаква реакција. Синоќа приврзаниците на Шанса за Центар со трепкачи за велосипеди ги обележаа премините.

Сите граѓани на Скопје преку сметките за електрична енергија плаќаат и за јавното осветлување и тоа мора да им биде достапно, велат од Шанса за Центар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ