сабота, 21 декември 2024

Со децении не се знае кои се: Интерпол бара информации за 46 убиени жени

Интерпол и Германија, како и други европски земји, сакаат да ги затворат децениските нерешени случаи на убиства на жени. Ги бараат имињата на мртвите и јавна поддршка, пишува Дпа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Акцијата „Идентификувај ме“ треба да му помогне на Интерпол да идентификува 46 тела, како што соопшти организацијата од Лион, пренесува оваа служба.

Повеќето од жените наводно биле убиени или умреле под сомнителни или неразјаснети околности.

На веб-страницата на кампањата, Интерпол објави реконструкција на лицата, како и слики од накитот и облеката.

„Дури и најмалата информација може да биде клучна за решавање на овие нерешени случаи“, рече генералниот секретар на Интерпол, Јирген Шток.

Јавноста може да биде клучна за откривање на имињата и минатото, додаде Шток.

Интерпол лани покрена кампања за 22 случаи од Германија, Белгија и Холандија. Населението одговорило со околу 1.800 пријави. Една жена е идентификувана 31 година по нејзината смрт.

Од Германија нерешени се девет случаи.

Телата биле откриени помеѓу 1986 и 2002 година. Со проширувањето на кампањата се бараат информации за уште три жени – една пронајдена во 1994 година на воен полигон во близина на Хановер, една во 2001 година во Франкфурт на реката Мајна и една во 1989 година во областа на Лан-Дил во провинцијата Хесен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ