понеделник, 20 јануари 2025

Со автомобил влегол на писта на аеродромот во Белград па бегал до границата со БиХ

На белградскиот аеродром Никола Тесла работник на обезбедувањето на пистата, наводно по грешка, пуштил возило слично на службените, пишуваат српските медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Возачот некое време се возел по пистата, а потоа избегал. На полицијата, како што пишуваат медиумите, ѝ бегал речиси до границата со Босна и Херцеговина, каде полицајците го стигнале и фатиле.

На возачот му е одредено задржување до 48 часа поради кривично дело загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај.

Наложено е и апсење на работникот на обезбедувањето.

„Сериозно ја сфаќаме настанатата ситуација и веднаш преземавме превентивни мерки. Според проценката на надлежните, на дел на аеродромот ќе биде спроведена дополнителна контрола, што може привремено да влијае на редот на летање“, соопшти компанијата Белгрејд еирпорт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ