сабота, 4 јануари 2025

Со автомобил се забил во толпа во Њу Орлеанс и почнал да пука, 10 загинати, 30 повредени (ВИДЕО)

Автомобил влетал во група луѓе во Њу Орлеанс. Неколку лица се повредени, а според првичните информации има и мртви. Инцидентот се случил на улицата Бурбон за време на новогодишната прослава околу 03:15 часот по локално време. Се работи за улица позната по бројни барови и клубови.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Според првичните информации загинале 10 лица, додека 30 се повредени.

Улицата е затворена, а сите служби се на терен. Од полицијата засега не соопштуваат ништо за мотивот, ниту дали се работи за тероризам. Не е познато дали возачот е уапсен.

НОЛА Реди, владина агенција во Њу Орлеанс, на социјалните мрежи објави дека имало „инцидент со масовни жртви на улицата Канал и Бурбон“ и им порача на оние во близина да си „заминат од областа“.

„Полициската станица на 8 округ во моментов го истражува инцидентот со голем број жртви во кој учествуваше возило кое удри во поголема група луѓе на раскрсницата на улиците Канал и Бурбон. НОЕМС (Медицински служби за итни случаи во Њу Орлеанс) досега превезе 30 повредени пациенти, додека потврдени се 10 мртви случаи. Службите за јавна безбедност се на терен. Дополнителни информации ќе бидат објавени кога ќе станат достапни“, стои во соопштението на НОЛА.

Очевидци за новинарка на Си-би-ес њуз изјавиле дека автомобил со голема брзина влетал во толпа луѓе, а потоа возачот излегол и почнал да пука од оружје, при што полицијата возвратила.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ