сабота, 27 јули 2024

Со автомобил се забил во кинеската амбасада во Сан Франциско. Полицијата го уби (ВИДЕО)

Човекот кој со своето возило удри во кинескиот конзулат во Сан Франциско беше застрелан и убиен по конфронтација со полицијата во предворјето, соопштија властите.

Објавено на

часот

Сподели

Во 15:09 часот по локално време, возачот удрил со својот автомобил во предворјето на Генералниот конзулат на Народна Република Кина, во кој се обработуваат визи, потврди наредник Кетрин Винтерс, портпарол на полицијата во Сан Франциско.

Винтерс додаде дека полицајците се соочиле со возачот неколку минути по несреќата и пукале во него, пренесува Си-ен-ен. Возачот бил пренесен во локалната болница каде била констатирана смрт. Не е јасно колку луѓе имало во конзулатот кога се случил инцидентот, но Винтерс рече дека се чини дека никој друг не бил повреден.

На синоќешната прес-конференција Винтерс одби да каже зошто полицијата отворила оган или дали убиениот бил вооружен. Таа, исто така, одби да коментира дали ударот на автомобилот во зградата бил намерен или да даде други информации за лицето или инцидентот.

Портпаролот на Генералниот конзулат на Кина во Сан Франциско изјави дека несреќата предизвикала „сериозна штета“ на зградата и ги ставила луѓето во „сериозен ризик“ од повреди или смрт. Во соопштението се наведува дека конзулатот „најостро го осудува“ инцидентот и повикува на „брза истрага и сериозно постапување во согласност со законот“.

Полицијата во Сан Франциско потврди дека нејзини вработени и претставници на американскиот Стејт департмент соработуваат со кинескиот конзулат. Винтерс нагласи дека властите работат на утврдување на агенцијата што ќе ја води истрагата за инцидентот.

„Ова е уникатна истрага бидејќи инцидентот се случи во предворјето на кинескиот конзулат, така што се вклучени голем број агенции и јурисдикции, така што ова е далеку од нормално пукање“, заклучи таа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ