сабота, 27 јули 2024

Со авион на Ер-Албанија од Израел во Тирана пристигнаа првите македонски државјани

Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија (МЕНР)  соопшти дека вечерва пристигнал првиот авион со албански, македонски и косовски државјани кои барале да го напуштат Израел по прогласувањето на воена состојба. 

Објавено на

часот

Сподели

„Авионот на Ер Албанија со 40 патници, меѓу кои и државјани од земјите од регионот како Косово, Северна Македонија, потпомогнат од Министерството за Европа и надворешни работи, Министерството за инфраструктура и енергетика и албанската Амбасада во Израел слета на меѓународниот аеродром ‘Мајка Тереза’ пред малку“,  се вели соопштението.

Патниците беа пречекани  и поздравени од министерот Игли Хасани.

Од министерството додаваат дека во наредните денови ќе има повеќе специјални летови за Тел Авив, во координација со министерствата на земјите од регионот за да им помогнат на сите граѓани кои сакаат да се вратат во своите земји

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ