петок, 20 септември 2024

Со асистенција на МВР иселени бездомници од куќа зад ТЦ Буњаковец во Центар

По налог на Општина Центар и во соработка со МВР спроведена е акција во напуштената куќа зад ТЦ Буњаковец, која веќе неколку месеци е окупирана од бездомници и претворена во мини депонија, објави градоначалникот Горан Герасимовски.

Објавено на

часот

Сподели

„По пријава на граѓаните, инспекторите на Општина Центар им наложија на сопствениците да го исчистат објектот кој беше потенцијален извор на зарази, а полицијата ги исели бездомниците. Општината го расчисти сметот пред објектот и направи дезинфекција.
Сопствениците ставија и ограда од лимени табли за да нема нови упади на лица кои можат да бидат закана по безбедноста на жителите кои живеат во соседството“, соопшти градоналалникот на Центар.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ