Пратеникот Антонијо Милошоски рече дека Владата декларативно поддржува се што на меѓународно ниво е заложба за почитување на работнички права, усвојува конвенции на кои државата се обврзува, а на домашен план, рече, „гледаме сосема друг пристап“. Како што рече, тоа се гледа со измена на Законот за работни односи заради изградба на коридорите 8 и 10д.
„Се прескокна одлуката на Уставен суд и правото од 40 часа работна недела, се злоупотреби европско знаменце со воведување на најмалку 60 часа работна недела“, рече Милошоски.
Пратеникот Трајанов додаде дека во член 9 од Конвенцијата што треба да се ратификува земјите се обврзуваат да осигураат безбедност на работниците.
„Како ќе им ја обезбедиме безбедноста кога треба да работат 60-70 часа неделно. Тие ќе се заморени и ќе се случуваат несреќи, но никој нема да одговара зашто работниците сами ќе си ги потпишат договорите“, додаде Трајанов.