понеделник, 4 март 2024

Со 30 милиони денари од „Охридско лето“ за годинава најавуваат квалитетна програма

Националната установа „Охридско лето” за реализација на годинешното издание на фестивалот од Министерството за култура доби 30 милиони денари. Тие средства, според раководството на установата, се доволни за квалитетна програма со врвни светски и домашни уметници.

Објавено на

часот

Сподели

„Финансиската поддршка која ја добиваме од Министерството за култура за реализација на 40-те фестивалски денови за нас е многу значајна и токму затоа сме благодарни што годинава се издвоени средства кои доликуваат на вака значајна музичко-сценска манифестација. Годинава не очекуваат 40- фестивалски вечери исполнети во висока уметност и врвни светски и домашни уметници“, вели директорката на „Охридско лето”, Наташа Поповиќ.

Според неа, на годинешното фестивалско издание ќе има над 50 настани со околу илјада уметници, но деталите за програмата се објавуваат на посебна прес-конференција што се свикува токму за таа намена.

Поповиќ вели дека уметничката програма за „Охридско лето 2024″ е веќе завршена, а во тек се активностите за средување, опремување и адаптација на сцените и сценските простори за реализација на годинешното издание на Фестивалот.

„Ме радува тоа што како тим успеавме навремено да ги направиме сите подготвителни активности за да имаме успешно фестивалско издание. Огромна благодарност до Министерството за култура за одобрените 30 милиони денари со Годинешната програма за финансирање проекти од национален интерес во културата со кој успеваме да го одржиме но и да го надополниме квалитетот на најголемиот културен настан како кај нас, така и на светската уметничка сцена. Благодарност до министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска за нејзиниот влог во културата со кој се создадава уметнички квалитет достоен за една ваква голема манифестација“, додава Поповиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ