„Полициски службеници од полициската станица за безбедност на патниот сообраќај од СВР Велес, при вршење контрола од областа на сообраќајот, на автопат Пријателство, патен правец Велес-Неготино, меѓу изречените мерки за брзина, санкциониран е возач кој управувал патничко возило со брзина од 211 км/час, на место каде брзината е ограничена на 120 км/час“, информираа од СВР Велес.
МВР информира дека на улиците и патиштата низ Македонија за брзо возење казнети се 179 возачи. Од нив три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 90 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 89 надвор од населено место.
Во Скопје за брзо возење се казнети 17 возачи, а изречени се уште 119 санкции. од нив, шест мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за користење мобилен телефон при возење, шест мерки за некористење сигурносен појас, како и други прекршочни казни.