петок, 18 октомври 2024

Со 10 нови автобуси на струја Струмица воведува eколошки градски јавен превоз (ФОТО)

Во кругот на Аутомакедонија во Скопје денеска пристигнаа 10 електрични автобуси наменети за градскиот јавен превоз во Струмица, кои моментно се во фаза на процедурата за царинење, регистрација и осигурување. По тој повод во Скопје се градоналчалникот на Струмица и директорот на Струмица транспопрт. Градоначалникот Костадин Костадинов, кој ги презеде клучевите од автобусите, рече дека Струмица стана првиот град на Балканот со комплетно електрифициран јавен градски превоз.

Објавено на

часот

Сподели

Автобусите  се очекува од 1 до 6 септември да заминат за Струмица, а од 11 септември да бидат ставени натест возење во траење од најмалку еден месец, период кога ќе има бесплатен јавен превоз за граѓаните, со цел да се отстранат евентуалните недостатоци.

„Пишуваме историја како граѓани на Струмица од причина што нашата општина досега немаше јавен превоз, а во исто време не може да се занемари фактот што Струмица е еден од градовите кој се соочува со енормна загаденост на воздухот. Кога се соочуваме со такви предизвици неопходно е да правиме револуционерни и радикални иницијативи и проекти како што е електрифицираниот јавен превоз“, изјави Костадинов.

Овој проект, како што кажа, е во корелација со Европскиот зелен договор и додаде дека прашање на време е кога ќе тропне на врата обврската од Европската Унија согласно новите регулативи кои предвидуваат до 2035 година 100 проценти од градскиот превоз да мора да има нула емисија на гасови заради декарбонизација на градовите и јавните превози.

Директорот на јавното сообраќајно претпријатие „Струмица транспорт“ Драги Поп-Стојанов посочи дека  воведување на 100 проценти електричен превоз е во согласност со концептот „Смарт сити Струмица“ заедно со велосипедските патеки што се изградени во потесното градско подрачје.

„Ние сме единствена општина во регионот и на Балканот што воведуваме 100 отсто електричен превоз што ќе користи електрична енергија која во наредна фаза ќе ја обезбедиме сами како зелена енергија во нашата автобуска база кај што ќе биде полнењето на електричниот превоз. Таму имаме идеална можност за поставување фотоволтаични колектори на покривната конструкција од 5.000 квадратни метри за да можеме сончевата енергија да ја претвориме во електрична енергија и да добиеме потполна енергетска независност“, рече Поп-Стојанов.

Ќе воспоставиме, додаде, модел на одржливо користење на природните ресурси со правилна искористеност и употреба за полнење на електричните автобуси што во наредната фаза ќе биде речиси бесплатна.

„Енергијата што ќе ја добиваме од планираната централа со капацитет од 1 мегават ќе биде сосема доволна да ги задоволи потребите за полнење на електричните автобуси, за греење и ладење на нашиот Центар за управување со тие автобуси, а вишокот енергија ќе се користи за осветлување на улиците на град Струмица со што ќе се добие уште поголемо олеснување врз буџетот на граѓаните“, истакна Поп-Стојанов.

Десетте. електрични автобуси имаат вкупна вредност од  седум милиони евра, а се набавени по пат на лизинг.

Фотографии: Фејсбук на Костадинов

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ