четврток, 26 декември 2024
Изјава на пратеникот од Вреди

Снопче: Имаше препукувања на координацијaта околу собраниските комисии

Пратеникот од Вреди, Халил Снопче, исто како и координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, денеска изјави дека не очекува да има проблеми да се достигне двотретинско мнозинство во Собранието за да се изгласа предлог-закон за преструктуирања на министерствата, нешто што ВМРО-ДПМНЕ го најави во предизборниот период. Снопче рече дека на утринската координација на пратеничките групи имало и препукувања.

Објавено на

часот

Сподели

Тој нагласи дека најпрвин треба да бидат формирани работните тела низ кои треба да поминат овие законски решенија, односно собраниските комисии – Комисијата за политички систем и Законодавно правната комисија.

Снопче потенцира дека на координацијата имало препукувања околу тоа дали двете потребни собраниски комисии да бидат формирани посебно. Посочи дека треба поголема координација од страна на политичките партии.

„Роковите веќе течат. Заради тоа овие две комисии – Комисијата за политички и Законодавно правната комисија треба да се формираат што побргу, за да можеме да го процесираме предлог законото во Собранието“, рече тој и нагласи дека очекува утре и задутре да се одржи седница на собраниската Комисија за прашањата на именувањата и изборите за да се процесуираат овие две комисии.

Тој не гледа никаква причина овие законски измени да не бидат поддржани и од опозициските партии СДСМ и Коалицијата „Европски фронт“.

„Мислам дека нема причина за да се одбие и да не се прифати од страна на другите партии опозициони од страна на СДСМ и Европскиот фронт, бидејќи е за подобра функционалност“, рече Снопче.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ