Снопче изјави дека вчера донеле одлука за поддршка на повикот на Таравари на следните избори да коалицираат со албанската опозицијата.
„Одлуката нема врска со нашето партнерство во оваа Влада. Ако се случи такво нешто, сакам да кажам дека ние немаме ниту една обврска кон договорите со оваа Влада и со СДСМ и со никој друг. Значи, тие сами решаваат да не’ избркаат од Владата, нешто слично како што се случи во 2017 година. Интересен факт е дека ова се случува под диригентска палка на Артан Груби и по се изгледа тие луѓе, нашите сопартијци што не се согласуваат со повикот на нашиот претседател на следните избори да одиме заедно со опозицијата значи, преку Артан Груби сакаат да направат пуч во партијата и очигледно имаат избрано еден вршител на должност на претседател на таа група кој што е Артан Груби. Видовте, ние го споделивме со медиумите дописот на Артан Групи со директорите, вчера мислам дека ТВ 21 објави дека им наредува да не примаат никаква наредба од министерот Меџити се додека не се избере новиот наш министер. Значи, кој е тој наш министер што се избира? Значи, дали ДУИ ќе има двајца други министри. Значи, колку што има плус двајца. Тоа не е барање на АА и уверувам дека СДСМ самоволно како во 2017 година ако се случи такво нешто значи се откажува соработката со АА и ние нема да имаме никаква обврска кон договорените работи со СДСМ“, рече тој.
Според Снопче кадровска комисија нема ингеренции да предлага до Владата.
„Кадровска комисија не може да предлага до Влада. Која е кадровската комисија? Ингеренциите на таа комисија се само да за да може да предложи до Претседателството на Алијансата за именување и разрешување на кадри. Нема никаква друга ингеренција. Затоа велам дека е извршен пуч. Порака до Ковачевски да внимава бидејќи ние не сме должни да почитуваме никаков договор со СДСМ и Владата“, рече Снопче.
Тој додаде дека ниту Таравари, ниту, како што рече членовите на Центраното собрание кои вчера застанале зад партискиот претседател утре нема да присуствуваат на Централното собрание закажано од Зијадин Села.