четврток, 13 март 2025

Снимен моментот на судирот на товарниот брод и танкерот кај Англија (ВИДЕО)

Нова снимка го прикажува моментот кога товарниот брод Солонг се судрил со американскиот нафтен танкер Стена имакјулет во Северно Море крај источниот брег на Англија, пренесуваат британските медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Танкерот превезувал гориво за млазни авиони за американската воена морнарица во рамки на американскиот план за снабдување на оружените сили сои гориво кога е тоа потребно. Британските власти наведоа дека засега нема никакви докази дека судирот бил резултат на каква било „злонамерна активност“.

Капетанот на Солонг, државјанин на Русија, е уапсен под сомнеж за убиство од негрижа. Остатокот од екипажот биле руски и филипински државјани. Англиската полиција потврди дека истражители отвориле криминалистичка истрага за причината за судирот и дека работата со Агенцијата за поморска и крајбрежна стража.

Танкерот бил вкотвен во моментот кога во него удрил товарниот брод кој е прилично помал. На почетокот се стравуваше дека Солонг превезува натриум цијанид, но подоцна беше потврдено дека четирите контејнери со опасната хемикалија се отстранети од бродот пред да дојде до судирот.

Едно лице, член на екипажот на Солонг, останува исчезнато и се смета за мртво. Крајбрежната стража спасила 36 луѓе во понеделникот. Солонг е одвлечен на безбедно место, додека танкерот останува вкотвен на местото на судирот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ