сабота, 27 јули 2024

Снежно Маврово убаво како во екот на зимска туристичка сезона

Во Маврово врне снег. Фотографиите на МКД.мк се чиниш, направени на Нова година, делуваат како разгледници од овој наш планински туристички ценар. Но, не. Фотографиите се денешни. Втора половина на април.

Фото.МКД.мк

Објавено на

часот

Сподели

Не дека староседелците на Маврово или редовните викендаши се многу изненадени кога во април ќе заврне снег. Се случувало многупати низ годините.

Ама овој април велат, чудно е. Затоа што пред некој ден и тука се одеше по куси ракави преку ден, зашто ненајавеното лето и тука затопли во арил. И бундите, палтата и дебелите фанели луѓето ги здиплија и ставија во шифоњерите за да чекаат доцна есен и зима.

Ама кога снегот носи ваква убавина, лутење нема кон времето. Иако велат, што му е на времево?

П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ