Не дека староседелците на Маврово или редовните викендаши се многу изненадени кога во април ќе заврне снег. Се случувало многупати низ годините.
Ама овој април велат, чудно е. Затоа што пред некој ден и тука се одеше по куси ракави преку ден, зашто ненајавеното лето и тука затопли во арил. И бундите, палтата и дебелите фанели луѓето ги здиплија и ставија во шифоњерите за да чекаат доцна есен и зима.
Ама кога снегот носи ваква убавина, лутење нема кон времето. Иако велат, што му е на времево?
П.Џ.