Тој упати честитки до новоизбраната раководителка на Центарот МАРРИ, Снежана Трајановска, која во текот на вчерашниот ден од страна на Комитетот на оваа платформа беше изгласана и избрана со мнозинство од гласовите.
По повод формалното предавањето на претседателството со МАРРИ од Македонија на Србија, министерот Спасовски рече дека остануваат неколку процеси кои треба да бидат продолжени, многу идеи кои треба да прераснат во конкретни проекти.
„Лично сум убеден дека новиот претседавач со Иницијативата, Република Србија надградувајќи се со своите одлично конципирани приоритети во претстојната година, ќе ја однесе оваа Иницијатива на уште повисоко ниво, а меѓународните партнери одново ќе ја препознаваат како вистинска адреса за многу регионални прашања“, истакна министерот Спасовски, посакувајќи успешно претседавање со МАРРИ 2023 – 2024 година.