„Еве фотографии од планината Фуџи снимени од градската куќа ова утро. Можеме да видиме тенок слој снег близу врвот“, пишува на профилот на градот Фуџи во централната покраина Шизуока западно од Токио на социјалната платформа Икс.
Меѓутоа, јапонската метеоролошка служба ЈМА досега нема официјално потврдено дека денешниот ден претставува рекорд, односно најдоцна забележан ден во есента кога снегот се појавил на планината.
The snow has arrived on Mount Fuji. pic.twitter.com/pS5KuYjksm
— goodandbadjapan (@goodandbadjapan) November 5, 2024
ЈМА за Франс прес објасни дека облаците ги оневозможуваат мерењата кои може да се споредат со претходните години.
Снежната покривка на планината Фуџи во просек почнува да се создава на 2 октомври, а за првпат минатогодишниот снег официјално беше забележан на 5 октомври.
Појавата на снегот во 2024 затоа е најдоцна откако се достапни споредливи податоци од 1894, и е соборен претходниот рекорд на 26 октомври, забележан двапати: 1955 и 2016.