Според последните податоци на „Ај кју воздух“, во Скопје се измерени 8,5 ПМ 2,5 микрочеститчки на метар кубен, во Маврово 7,3, а во Кавадарци 7,1 ПМ 2,5 микрочеститчки на метар кубен.
„Најчиста“ е Битола во која се измерени 5,7 ПМ 2,5 микрочеститчки на метар кубен.
И скопските населби имаат добар квалитет на воздухот со исклучок на Илинден, Миладиновци и Гази Баба каде квалитетот на воздухот е оценет како умерен. Во првите две се измерени по 18,7 ПМ 2,5 микро честички на метар кубен, а во Гази Баба, 19,4 ПМ 2,5 микрочеститчки на метар кубен.
Од другите измерени градови, умерен квалитет на воздухот е измерен и во Велес и во Кочани. Во Велес се измерени 25,8 ПМ 2,5 микро честички на метар кубен, а во Кочани, 17,8.
Од „Ај кју воздух“ препорачуваат чистиот воздух да се искристи за активности на отворено и за што почесто проветрување на домовите.
Ваквата состојба на воздухот ќе се задржи до среда односно до понеделник во Скопје по што се очекува квалитетот на воздухот да биде умерен.
Како и Скопје, така и пакистанскиот град Лахоре често е најзагаден град во светот. Затоа властите денеска предизвикале вештачки дожд во во обид да се исчисти силно загадениот воздух.
Тоа е првпат во Пакистан да се спроведе експеримент со вештачки дожд, кој се очекува да донесе револуција во справувањето со опасното ниво на загаденост на воздухот.
Според податоците на оваа веб страница годишно во светот умираат околу 7 милиони луѓе како последица на загадениот воздух.