недела, 12 јануари 2025

Снегот ги скара ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Снегот предизвика вистински хаос во сообраќајот, не само во населените места, туку и на регионалните патишта и на автопатите. Автопатот „Пријателство“, кај селото Миравци е заледен. Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ со справување со последиците од снежните врнежи прераснува во закана за безбедноста на граѓаните, реагираа денеска преку соопштение од опозициската СДСМ по снежните врнежи што ја зафатија цела Македонија. Веднаш вратија од владечаката ВМРО-ДПМНЕ од каде велат дека „лешинарската политика на Филипче наложи да прави политички поени и од снегот во јануари“.

Објавено на

часот

Сподели

Автопатот Пријателство, кај селото Миравци е заледен. Автопатот кон Грција е заледен, и покрај тоа што оваа зима, само досега, државните институции потрошиле 3.569.106 евра за сол и ризла. Најголеми се тендерите на Македонија пат, кое засега има склучено три двегодишни договори во вредност од по 1,3 милиони евра годишно за сол и ризла. Но, поради неспособноста на надлежните  сообраќајот се одвива отежнато и се зголемува опасноста од незгоди. Пред само неколку дена бројни граѓани со часови беа заглавени во километарски колони во Маврово. Хаос се случи и на патот Тетово – Попова Шапка, каде што патиштата останаа целосно неисчистени. Дополнително, патот до Галичник беше непрооден повеќе од еден месец, оставајќи ги жителите на ова населено место во целосна изолација. Владата на ДПМНЕ и Мицкоски потфрли и со снегот, доведувајќи ги граѓаните во сериозен ризик“, тврдат од СДСМ.

На ова веднаш вратија од владечаката ВМРО-ДПМНЕ од каде велат дека „лешинарската политика на Филипче наложи да прави политички поени и од снегот во јануари“.

„За разлика од минатите години кога снегот беше прилика СДС да краде, сега институциите делуваат. Наспроти голата реторика на СДС и Филипче, еве ги фактите, битолската подружница има поставено 370м3 сол и ризла, од Тетово – Стража 400м3 сол и ризла, Штип, Берово, Кочани и Делчево 300м3 сол и ризла. Згрозени сме од лешинарската политика на СДС и Венко Филипче. Тие од снежната бура прават политика, што само потврдува дека тонат во сопствената безидејност“, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ