сабота, 27 јули 2024

Снег во Сахара (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Снег паднал во вторникот во пустината Сахара во западен Алжир. Студениот бран, кој траел цели 24 часа, донел изненадувачки снег и дожд во регионот. Силниот ветер ги завеал патиштата и зградите со снег во провинцијата Бехар.
Освен радост за децата, снегот, според локалното население, бил добар и за палмите, бидејќи ги убивал нивните паразити, како и за обновување на подземните води, неопходни за опстанување на пустинските оази.
Провинцијата Бехар се наоѓа во северна Сахара, јужно од границата со Мароко.

 

[video:http://www.youtube.com/watch?v=qid73hqEzGI&feature=player_embedded#!]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ