сабота, 27 јули 2024

Снег ја парализираше Србија, во Белград најмалку 20 сантиметри (ФОТО+ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Во Белград наврнаа најмалку 20 сантиметри снег кој и понатаму паѓа и сообраќајот е во целосен колапс. Патиштата низ Србија се парализирани.

Дрво паднало на две девојчиња во белградската населба Милјаковац и тешко ги повредило. Според првичните информации, најдени се како лежат на тротоар на една улица. Едното девојче има 13, а другото 16 години.

Има гужва на мостовите, а на некои се чека и до 20 минути. Големи гужви има на сите сообраќајници, а заглавени се дури и екипите на итната помош кои се обидуваат да им помогнат на повредените низ градот.

Има повеќе сообраќајни несреќи во Белград и низ Србија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ