сабота, 27 јули 2024

Снег ја парализираше Кина, граѓаните ангажирани да чистат (ВИДЕО)

Обилните снежни врнежи во северна и централна Кина ги нарушија патниот и воздушниот сообраќај и ги затворија училиштата во тој дел од земјата, соопштија локалните власти.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Во провинциите Хебеи, Хенан и Шандонг локалните власти издадоа предупредување за патување поради студеното време, додека авионските летови и меѓуградските возови се откажани или одложени.

Повеќе десетици луѓе се вработени да чистат снег во најтешко погодените региони.

Во главниот град на Кина, Пекинг, забележани се температури околу нулата.

Нема пријавени смртни случаи како последица на студениот бран.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ