сабота, 27 јули 2024

Снег ја окова Америка, метеоролозите предупредуваат дека времето е „опасно по живот“ (ВИДЕО)

Големо зимско невреме донесе студени ветришта и обилни снежни врнежи во многу делови на Соединетите Американски Држави, попречувајќи ги патувањата и оставајќи илјадници без струја.

ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Невремето ќе биде проследено со остар арктички студ за време на викендот, со температура од околу -45 Целзиусови степени во некои области, јавува Би-би-си.

Речиси 25 сантиметри снег паднале во Ајова, каде во понеделник почнуваат внатрепартиските избори за републикански кандидат за годинешните претседателски избори, поради што некои настани се откажани.

Американската Национална метеоролошка служба издаде предупредувања во речиси сите сојузни држави, бидејќи викендов се предвидува снег од Орегон на западот до Мејн на истокот.

Метеоролозите предупредуваат дека пристигнало „зимско време опасно по животот“.

Во подрачјата на кои се однесува временското предупредување живеат повеќе од 70 милиони луѓе.

Поради екстремното време, од петокот се откажани повеќе од 2.000 летови, од кои повеќето требало да летаат од Чикаго.

Речиси 200.000 луѓе се без струја од петокот вечерта, а најмногу се погодени Мичиген и Висконсин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ