сабота, 27 јули 2024

Смилов: Во Бугарија има група луѓе кои не сакаат Северна Македонија да влезе во ЕУ

Објавено на

часот

Сподели

Како што изјави Смилов за Бугарското национално радио, отпорот да се крене ветото за Македонија доаѓа од маргинални делови на политиката, но се јавуваат нови актери, национал-популисти. Според него, разликите во владејачката коалиција се повеќе тактички отколку стратешки. Смилов во интервјуто уште вели дека во однос на прашањето за Македонија има „можности за позитивно решение и за двете држави“.

„Во Бугарија има група луѓе кои од некоја причина едноставно не сакаат Северна Македонија да стане членка на Европската Унија. Бугарската позиција во целина би требало да биде дека наш атраатегиски интерес е членството на Северна Македонија во ЕУ“, вели Смилов.

Како што објаснува тој, ГЕРБ е во тешка позиција за таканареченото македонско прашање. По нивната позитивна улога во 2017 година за забрзување на пристапувањето на Западен Балкан, од 2019 година „поради некоја причина тие ја свртеа политиката“.  Според него, „време е да се вратат на својата позиција од 2017 година“. За партијата Има таков народ, пак, смета дека треба внимателно да се следи.

„Тоа е партијата која е најтешко да се предвиди. Тие се нова партија, идеолошки во центарот и тешко е да се одредат. Во голема мера, нивните размислувања се тактички. ИТН мора да реши дали добиваат или губат од однесувањето што несомнено создава чувство на голема несигурност. Владината коалицијата дефинитивно губи од ова чувство на нестабилност“, оценува Смилов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ