сабота, 1 март 2025

Сметките за собирање на сметот во Тетово ќе се наплаќаат присилно, предупредува Касами

Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами по денешната седница на Советот, побара граѓаните редовно да ги плаќаат сметките за подигање смет, а за присилната наплата рече дека се спроведува согласно законските основи. Компанијата Саубермахер која од февруари 2024 ја презеде дејноста за собирање и депонирање на смет, од почетокот на 2025 почна со присилна наплата поради тоа што има граѓани кои воопшто не ги плаќаат новите фактури.

Објавено на

часот

Сподели

Касами смета дека сите барања за присилна наплата се законски оправдани, а доколку сметаат граѓаните дека се оштетени тоа може да го докажат на суд.

„Мојот апел е да граѓаните ги плаќаат своите обврски кон Саубермахер. Се работи за обврски кои се основни за градот, а тоа е чистотата. Ние гледаме дека веќе се става во ред во делот на менаџирање со отпадот во градот. Ги замолуваме да бидат повнимателни и да ги исполнат нивните обврски. А што се однесува до поплаките во делот на редовно доставување на фактури и другите, нели пропратни процедури во делот на присилната наплата, ние им гарантираме на граѓаните дека таа процедура мора да биде по закон и на крај за тоа ќе одлучат судските инстанци. Значи, ако некои од документите не се доставени, според законот, граѓаните да бидат мирни дека тоа ќе го добијат на суд“, истакна Касами.

На денешната седница беше усвоен нов Правилник за регулирање на условите, критериумите, постапката и доделување на награди и признанија од стана на Општина Тетово. Се усвои и план за запишување на учениците во прва година во новата учебна 2025/2026 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ