четврток, 26 декември 2024

Сменетиот министер за одбрана на Израел: Нема причина израелската војска да остане во Газа

Јоав Галант, сменетиот министер за одбрана на Израел, им кажал на семејствата на заложниците дека нема причина Израелските одбранбени сили (ИДФ) да останат во Газа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Судејќи по извештаите на израелските медиуми, Галант кажал дека тој и шефот на израелската војска Херци Халеви се скептични околу тврдењата дека има безбедносно и дипломатско оправдување војниците да останат во Појасот Газа.

„Можам да ви кажам дека немало безбедносно разгледување. Јас и шефот на ИДФ кажавме дека нема безбедносна причина да се остане во коридорот Филаделфија“, ја пренесува израелската телевизија Канал 12 изјавата на Галант во која се алудира на подрачјето покрај границата на Појасот Газа и Египет.

„Ништо не остана во Газа да се направи. Постигнати се главните цели. Се плашам дека ние остануваме таму само од желба да бидеме таму“, кажа Галант, долгогодишен ривал на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во конзервативната партија Ликуд.

Нетанјаху во вторникот ненадејно го смени Галант, кажувајќи дека причината не недостиг од меѓусебна доверба.

Според Галант, Нетанјаху кажал дека Израел мора да остане во Газа за да се создаде стабилност, но дека тоа е „недоволна причина да се ризикуваат животите на војниците“.

Денешната изјава на Галант најдобро ги истакнува разликите меѓу него и Нетанјаху, констатираат израелските медиуми.

Галант поддржуваше прекин на огнот за заложниците да се вратат дома. Тој вечерва официјално престанува да биде министер за одбрана.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ