сабота, 19 октомври 2024

Продолжен мандатот на три директори на скопските клиники

Министерството за здравство информира дека поради истекување на мандат во време на предизборниот период спореведни беа конкурси во три јавно здравствени установи за избор на четири директорски места. Сменета е директорката на Инфективната клиника, во ГАК и Психијатрија е продолжен мандатот на директорите.

Фото: П.Џ.

Објавено на

часот

Сподели

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби – Скопје по спроведениот конкурс за нов медицински директор избран е д-р Фадил Цана согласно доставените документации.
На Клиниката за гинекологија и акушерство – Скопје по спроведените конкурси мандат добија д-р Викторија Јовановска како медицински директор и Јетон Шаќири како организациски директор.
На Клиниката за психијатрија за медицински директор е назначен проф. д-р Стојан Бајрактаров.
„Сите именувани директори на јавно-здравствените установи се стручни во својата област и имаат долгогодишно искуство“, се вели во соопштението на Министерството за здравство.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ